Структура и функција на здравиот ’рбетен столб и `рбетен мозок Повеќе Повеќе

Анатомија

Видови заболувања и дегенеративни нарушувања Повеќе Повеќе

Состојби

Најсовремена медицинска технологија за навремена и точна дијагноза Повеќе Повеќе

Дијагноза

Мултидисциплинарниот пристап во третманот дава успешни резултати Повеќе Повеќе

Третман

Спиналниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ овозможува комплетен хируршки и конзервативен третман на сите состојби, болести и повреди на `рбетот. Нашиот тим доктори е специјализиран во лекување и на најсложените проблеми со `рбетот, од траума, дегенеративни промени до онколошки состојби како тумори и метастази.  Ние сме лидери во воведување нови и ефикасни методи за третман. Секој пациент добива комплетен индивидуален план на лекување со мултидисциплинарен пристап. Нашиот тим е составен од специјалисти признати во областа на трауматологија, неврорадиологија, неврохирургија, неврофизиологија, ортопедија, анестезија, онкологија, радиотерапија и физијатрија.

Спиналниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е најдобар во регионот во третманот на вродените, хроничните и акутните нарушувања на ’рбетот. Во однос на решавањето на најкомплексните спинални проблеми, од типот на дискус хернија, сколиоза, дегенеративни заболувања, спинална стеноза, фрактури, тимот доктори ги користи последните медицински техники. Покрај дијагнозата, наша посебна одлика е врвната и најсовремена опрема за третман.

Кога станува збор за хирургијата, Спиналниот центар ја поседува последната технологија за изведување на минимално инванзивна хирургија која дава најефикасни и безбедни резултати. Хируршките интервенции на ’рбетот се изведуваат со дигитализирана апаратура во комплетно опремени сали за хирургија.

Дел од целата замисла за комплетно функционирање на Спиналниот центар е и физикалната терапија. Нашите специјалисти физијатри и физиотерапевти работат „рамо до рамо“ со хирурзите и докторите со цел да му обезбедат интегрирана грижа на пациентот која се заснова на тимска работа. Располагаме со најсовремената опрема за рехабилитација.

Сите овие елементи прават една целина која на пациентите им обезбедува комплетна грижа. Без разлика на состојбата во која се наоѓате или третманот кој ви е потребен, Спиналниот центар ви обезбедува услуга која на крајот сигурно ќе ги покаже најдобрите резултати.