По 40 години работа како машински инженер, на залезот од мојата кариера, на  63-годишна возраст ми се случи неочекуван пресврт во животот по кој чудо е што денеска сум сè уште жив. При работа на лифт, во еден момент платформата на која се наоѓав почна да паѓа од висина од 10 метри. Бевсвесен дека паѓам. Но, од тој миг повеќе не се сеќавам на ништо.Од падот се здобив со една од најтешките видови повреди - политраума. Во критична состојба, со брза помош бев префрлен во Ургентниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Прочитај повеќе

„Потребен е миг и животот да се промени од корен. На 8.6.2011 година враќајќи се од работа и одејќи по тротоарот ме прегази автомобил.Не се сеќавам на ништо од сообраќајната несреќа.Последно што паметам е дека ја преминав улицата и се качив на тротоар. Од тој момент почна мојата животна борба“.

Во критична состојба, двајца случајни минувачи ме однеле во болница. Првата битка со животот ја добив откако се разбудив од двомесечната кома. Цело време бев на апарати. Како што ми кажуваа докторите, многу сум крвавела и едвај ме вратиле во живот. Вечерта кога ме примиле во болница веднаш ми направиле две операции. Во болнички кревет поминав цели четири месеци. За сето време не смеев да станам од кревет поради повредите на карлицата. Не можеа веднаш да ме оперираат поради тоа што беше премногу ризично.

Прочитај повеќе

Кога на 22 години ќе се соочиш со смртта е навистина тешко, но кога повторно ќе се вратиш во животниот колосек ќе сфатиш колку е животот прекрасен. Ќе научиш поинаку да гледаш на нештата, да се радуваш и на најмалите ситници, да уживаш во секој нов ден.

На 9 јуни 2013 година имав тешка сообраќајна несреќа, по 18 часа имав среќа да се најдам во Клиничката болница „Аџибадем Систина “.

Прочитај повеќе