fbpx

Д-р Савески ми подари чекори за нови животни предизвици

„Потребен е миг и животот да се промени од корен. На 8.6.2011 година враќајќи се од работа и одејќи по тротоарот ме прегази автомобил.Не се сеќавам на ништо од сообраќајната несреќа.Последно што паметам е дека ја преминав улицата и се качив на тротоар. Од тој момент почна мојата животна борба“.

Во критична состојба, двајца случајни минувачи ме однеле во болница. Првата битка со животот ја добив откако се разбудив од двомесечната кома. Цело време бев на апарати. Како што ми кажуваа докторите, многу сум крвавела и едвај ме вратиле во живот. Вечерта кога ме примиле во болница веднаш ми направиле две операции. Во болнички кревет поминав цели четири месеци. За сето време не смеев да станам од кревет поради повредите на карлицата. Не можеа веднаш да ме оперираат поради тоа што беше премногу ризично.

Целата карлица ми беше изместена и скршена. На едно место недостигаше и цело парче од коската. Бидејќи беше многу комплицирано, никој не се нафаќаше да ме оперира, а операциите во  странство чинеа премногу за моето семејство. На моја голема среќа, патот ме одведе до д-р Савески, кој ме зема во свои раце.

Операцијата беше голем ризик бидејќи, како што ми објаснуваше докторот, требаше цела карлица да се растури и повторно да се состави.Во ваквите случаи и најмала грешка можеше да биде фатална.Целиот третман во Клиничката болница „ Аџибадем Систина“ траеше 6 недели, ми беа направени дури 8 операции.    

По една година повторно застанав на нозе

Шест недели по операцијата морав да мирувам дома додека да заздрави карлицата. Следната контрола значеше нова победа за мене. Конечно, застанав на свои нозе. Првото чувство и првата мисла ми беше  колку сум висока и колку сите околу мене се ниски. Почнав повторно да одам. Волјата и желбата повторно да бидам како некогаш ми дадоа голема сила  за кратко време да се движам без помагало“.

Не сакав да седнам во инвалидска количка

За една година не заплакав ниту еднаш, како ништо да не се случило. Ме водеше една мисла дека ова е момент кој мора да потрае за на крај сè да биде  по старо. Ми нудеа да седнам во инвалидска количка за да можам да излезам надвор, но јас во ниту еден момент не прифатив. Повеќе сакав да лежам отколку да седнам во количка бидејќи јас не сум инвалид.

Мојот ангел чувар д-р Неда Трајковска

Немаше да успеам во мојата животна борба доколку мој  соборник не беше целиот тим од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Голема поддршка имав  од мојот ангел чувар  д-р Неда Трајковска, која 24 часа беше ангажирана со мене. Нејзината поддршка и стручна помош за мене значеа оптимистички пресврт на животната судбина. Особено сум среќна што паднав во рацете на професионалните физиотерапевти, кои беа главни „виновници “ за мојот успех.