fbpx

Хемивертебра (Hemivertebrae)

Хемивертебра е вид на вродена  аномалија  што се јавува како резултат на недостиг на формирање на половина прешлени од `рбетниот столб. Најчесто едната половина од `рбетниот прешлен  е делумно или целосно развиена, додека другата изостанува. Како резултат на недостатоците во развојот на `рбетниот столб, се развива искривување на `рбетниотстолб: кифоза, сколиоза или лордоза. Најчеста локализација е торакалниот `рбет. Невролошките испади (парализа на нозете, нарушена дефекација и болка) се појавуваат поради: ангулација или стеснување на `рбетниот канал, нестабилност на `рбетот, исчанчување или скршеница на прешленот.Најпознат синдром од оваа малформација е Клипел Феил (Klippel Feil)- сраснување на вратни прешлени.

Блок вертебра (Block vertebrae)

Настанува поради предвремено сраснување на неколку прешлени. Ова може да доведе до компресија на нервните корени кои излегуваат од прешлените.

Spinal cord tethering syndrome  

Spinal cord tethering syndrome се јавува кај одредени невролошки заболувања кои се појавуваат поради малформација на `рбетен мозок како: здебелен филум терминале, липомиелоцеле, диастематомиелија, дермален синус и др.

Нормално `рбетниот мозок стои лесно во `рбетниот канал и може да се движи нагоре/надолу или напред/назад. Кај овие заболувања `рбетниот мозок е фиксиран во една положба, неговиот краен дел (конус медуларис) е затегнат и како резултат на тоа доаѓа до недоволен развој. Кај деца ова е особено изразено како што детето расте, а `рбетниот мозок останува фиксиран и се истегнува.

Сето ова доведува до невролошки симптоми како: отежнато движење, отежнато мокрење, ноќно мокрење и сл. Често е придружен со сколиоза и деформитети на стапалата.

Третманот е најчесто хируршки, особено кај деца и треба да се направи што порано.