fbpx

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во земјава е достапен во „Аџибадем Систина“. Моќниот сигнал на магнетно поле и поголемиот комфор овозможуваат бројни предности за пациентот и лекарот во споредба со стандардниот MRI 1.5 Tesla.

Магнетната резонанца е апарат кој не користи јонизирачко зрачење за разлика од другите апарати. Претставува метода која во процесот на создавање слика користи магнетно поле. Со самото тоа што користи магнетно поле, не постојат никакви штетни влијанија врз пациентот и неговото здравје.

 

Скратено време на снимање

Со MRI 3 tesla времето на снимање е намалено за 30%, во споредба со MRI 1.5 Tesla. За една секунда може да се добијат 20-30 слики на мозок, црн дроб, срце, бубрези и другите внатрешни органи. За само две минути MRI 3 Tesla произведува повеќе од две илјади слики со кои се проценува функцијата на органите. Во исто време двојно поголемата сила на магнетно поле овозможува прецизен приказ на внатрешните структури и органи, како и детекција на промени кои се невидливи со MRI 1.5 Tesla.

Тивок и удобен

Технологијата Silent scan вградена во апаратот, драстично ја редуцира бучавата при снимање во споредба со MRI 1.5 tesla. Во одредени секвенци при снимање глава, ’рбет и мускулни структури е целосно бесшумен. Зголемениот комфор на пациентот за време на снимањето е овозможен со поширок цилиндар за 70 см. Комфорот е надополнет и со поширока маса за снимање која поднесува поголема тежина до 250 килограми.

Скрининг на цело тело со 1 снимање (Total body MRI 3Т)

Скен на цело тело може да се направи единствено со апаратот за магнетна резонанца со моќ од 3 Tesla. Снимањето се состои од 5 дела, по системи и органи, и е овозможено благодарение на специфична програма вградена во апаратот. Благодарение на ова се добива слика на цело тело за  помалку од еден час. Услугата „Total body MRI 3Т“ светските медицински центри ја користат како најефикасен check-up метод за рана дијагноза, како и за проценка на состојбата на сите органи и системи, вклучувајќи ги и крвните садови. MRI 3 Tesla овозможува приказ на крвни садови без користење контрастно средство. 

*Сите снимања на новиот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla се со промотивен попуст од 20% до почетокот на месец март.