fbpx

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во земјава е достапен во „Аџибадем Систина“. Моќниот сигнал на магнетно поле и поголемиот комфор овозможуваат бројни предности за пациентот и лекарот во споредба со стандардниот MRI 1.5 Tesla.

Магнетната резонанца е апарат кој не користи јонизирачко зрачење за разлика од другите апарати. Претставува метода која во процесот на создавање слика користи магнетно поле. Со самото тоа што користи магнетно поле, не постојат никакви штетни влијанија врз пациентот и неговото здравје.

Continue Reading

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во регионот. Од самото отворање „Аџибадем Систина“ инвестираше во најновата генерација на магнет 1.5 Tesla и со тоа за првпат во Македонија беа воведени нови современи здравствени услуги. Седум години подоцна, со цел да биде во чекор со најновата медицинска технологија, „Аџибадем Систина“ инвестира во најновата генерација на магнетната резонанца 3 Tesla. По своите карактеристики и технологии овој апарат е единствен од ваков вид во цела Југоисточна Европа.

Continue Reading

Почнав да се занимавам со манекенство откако ме „открија“ на тринаесет години. Бев типичен, чуден тинејџер што секој модел тврди дека бил: слаба, со долги нозе и големи очи. Често ми кажуваа дека треба да пробам да бидам модел заради мојот „уникатен“ изглед. Доаѓам од еден мал град во Северна Каролина и манекенството ми се чинеше повеќе како фантазија одошто реален избор за кариера. Откако на локалната радио станица слушнав дека бараат модел, решив да се пријавам. Возевме четири часа до Шарлот во Северна Каролина, се сретнав со сите и на мое задоволство добив најмногу повици! Потоа потпишав договор со една агенција во Њујорк. За тоа време продолжив да се фокусирам на училиштето во Северна Каролина, а работев и како модел. Во Њујорк добив позитивни критики, но нешто почна да се случува што ме направи да изгледам непријатно.

Marta Hunt Scolosis

извор:Instagram/MarthaHunt

Прочитај повеќе

Клиничката болница  „Аџибадем Систина“ одржa симпозиум на тема „Напреден пристап во третман на спинална патологија“.

Предавачи на симпозиумот беа врвните специјалисти од Спиналниот центар на „Аџибадем Систина“. Мултидисциплинарниот пристап на работа беше претставен преку бројните стручни презентации кои ја опфатија целокупната спинална патологија. Посебен акцент беше ставен на дијагностицирањето, како и различните пристапи на третман кај одредени заболувања на `рбетот и `рбетниот мозок.

Специјален гостин предавач беше проф. д-р. Ахмет Аланај, специјалист по ортопедија и трауматологија од Здравствената групација „Аџибадем“ кој  ги презентираше најновите достигнувања во спиналната хирургија во детска возраст.

Предавањата ги следеа над 150 доктори од земјава и регионот кои активно беа вклучени со свои прашања, ставови и мислења. Симпозиумот е акредитиран од Лекарска комора на Р Македонија. 

Прочитај повеќе

Клиничката болница  „Аџибадем Систина“ на 20.12 2014 (сабота) со почеток во 09:00 часот ќе одржи симпозиум на тема „Напреден пристап во третман на спинална патологија“.

Предавачи на симпозиумот се врвните специјалисти од Спиналниот центар на „Аџибадем Систина“, а специјален гостин предавач ќе биде проф. д-р. Ахмет Аланај, специјалист по ортопедија и трауматологија од Здравствената групација „Аџибадем“.

Прочитај повеќе


Notice: Undefined variable: app in /home/spinemk/public_html/templates/effortless/warp/systems/joomla/layouts/pagination.php on line 12

Notice: Trying to get property of non-object in /home/spinemk/public_html/templates/effortless/warp/systems/joomla/layouts/pagination.php on line 12