Отворен спинален центар во Клиника болница „Аџибадем Систина“
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го отвори првиот спинален центар, во кој на едно место ќе се третираат сите болести на `рбетот. Центарот е опремен со најсовремена апаратура и инструменти. Во него врвните специјалисти трауматолози, неврохирурзи, ортопеди, неврофизиолози, неврорадиолози и физијатри ги изведуваат најсовремените дијагностички, терапевстки и хируршки интервенции на целата патологија на `рбетот.
Спиналниот центар е единствен центар од ваков вид во регионот, во кој на едно место може да се добие комплетна дијагноза и третман на целата патологија на `рбетот. Мултидисциплинарниот пристап на сите специјалисти е фокусиран кон изнаоѓање на најефикасниот третман за секој проблем со `рбетот и `рбетниот мозок. Тимот е подготвен, во секое време, да одговори на индивидуалните проблеми на пациентот, се со цел за што пократок временски период да се намалат болките на пациентот и да се врати функцијата на `рбетот. Она што го издвојува центарот се врвните специјалистите во регионот, кои постојано се стремат кон изнаоѓање на нови техники со цел да се третираат и најсложените состојби на `рбетот. Спиналниот центар ќе го раководи проф. д-р Јордан Савески (трауматолог, хирург). Дел од центарот се и проф. д-р Јовица Угриновски (неврохирург), проф. д-р Кирил Лозанче (неврохирург), д-р Љуљзим Агаи (неврохирург), д-р Милчо Демерџиев (невролог, неврофизиолог), д-р Неда Трајковска (трауматолог , хирург), д-р Михајло Ивановски (трауматолог, хирург), д-р Маја Каличанин Марковска (ортопед, хирург), д-р Душко Михајлоски (неврорадиолог) д-р Зоран Димовски (физијатар) и д-р Аница Хаџи Петрушева Јанкијевиќ (физијатар).