fbpx

Хидротерапија, или уште се нарекува терапија со вода, претставува метод на лекување при кој се кристи поволното дејство на водата (ладна, топла, водена пареа) врз севкупната состојба на организмот. Примената на терапевтското дејство на водата има корени уште од старите римјани, кога и природонаучниците Гален и Целзиус ги оставиле првите пишани документи за дејството на топлата и ладната вода врз организмот.

Температури на водата кои се користат во хидротерапија

Д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ, физијатар, објаснува дека постојат повеќе класификации на водата според загреаноста, и тоа

  • Неутрална, каде температурата е од 30 до 34 степени
  • Топла, со температура од 35 до 37 степени
  • Жешка ,со температура на 38 степени
  • Ладна вода од 20 до 23 степени

Дејство на хидротерапијата

Самото потопување на телото во вода, поради елиминирање на гравитациските сили го олеснува неговото движење. Потопувањето во ладна вода најчесто се врши на дел од телото и се користи за забавување на локалните метаболни процеси, намалување  на едемот и локализирање на воспалителниот процес.

Влијанието на топлата вода, пак, ги подобрува метаболните процеси, го намалува крвниот притисок, ја релаксира мускулатурата, го подобрува еластицитетот на меките ткива, го олеснува движењето во зглобните структури, делува смирувачки на нервниот систем.

Каде може да се примени хидротерапијата

Поради широкото дејство на водата, зависно од нејзината температура индикациите за примена на хидротерапија се големи.

  • При одредени гастроинтестинални заболувања, каде се користи смирувачкото и релаксантно дејство на водата.
  • При фебрилни состојби, со цел на разладување на телото,
  • Респираторни заболувања
  • Ревматски болести во хроничната фаза каде се користи антиинфламаторното дејство на водата, се релаксира мускулатурата и се подобрува обемот на движење и се олеснува севкупната состојба на локомоторниот апарат.
  • При рехабилитација во ортопедија по имплантација на зглобни ендопротези на зглобови, каде топлотното дејство на водата го подобува еластицитетот на меките ткива, го подобрува обемот на движење, а воедно и се зајакнува околната мускулатура.
  • Во третманот по скршеници и други травматски повреди, каде поради намалување на притисокот во водата е можно правилно оптоварување и враќање во функција на повредениот екстремитет.
  • Болките во ‘рбетот се една од најчестите тегоби со кои се сретнува човекот. Релаксацијата на грбната мускулатура и нејзиното правилно зајакнување во растоварена положба е значајно во третманот на оваа болна состојба
  • Пливањето е хирдокинезитерапевтски метод кој игра голема улога во превенција и спречување на развојот на деформитетите на ’рбетниот столб кај децата.
  • Невролошки заболувања

Што е хидрокинезитерапија?

Изведувањето вежби во вода се нарекува хидрокинези. Вежбите може да се во базени и да се вршат со помагала или без, во кади, подводни ленти или велосипеди. Изведувањето вежби на хидролента не само што е исклучително корисно во рехабилитација, сè почесто се користи како подготовка во тренинг процесите на професионалните и аматерски спортисти. Поволна е во започнувањето со физичка активност кај лица кои сакаат да ја намалат телесната тежина, или лица кои имаат болки во грбот и зглобовите. Основно е што се елиминира земјината тежа, се намалува притисокот врз зглобовите, а при отпорот што го создава водата се јакне мускулатурата.

Технолошки гледано радиотерапијата е дисциплина со најголем подем во последните години. Благодарение на модерните техники на зрачење и најсовремените технолошки апарати добиени се успешни резултати во лекувањето на канцерозното ткиво.

Кај пациентите со примарни и секундарни тумори на `рбетниот столб и `рбетен мозок радиотерапијата се применува најчесто пред и по оперативната интервенција со цел да се добијат посакуваните резултати во третманот на пациентот.

Што е радиотерапија?

Радиотерапијата е дефинирана како лекување на канцерозно ткиво или на некои немалигни тумори со помош на зрачење. Во јавноста е позната како радиолошка терапија или терапија со јонизирачки зраци. Зраците користени во радиотерапијата имаат цел да го спречат растењето на канцерозните клетки или да ги уништат истите. По дијагностицирање на канцер, 60-80 проценти од пациентите со канцер имаат потреба од радиотерапија. Пациентите кои се изложени на оваа терапија се безбедни за околината и можат да продолжат со нормални секојдневни активности.

Како се одредува методот на лекување?

Повеќе фактори влијаат на одредувањето на третман (хируршки, радиотерапија или хемотерапија). Главните фактори се: хистолошкиот тип на туморот, стадиумот, локализацијата на малигното заболување, како и возраста на пациентот и неговата општасостојба. Одлуките за третманот се донесуваат по процена од страна на лекари од разни области и секој пациент се оценува посебно.

Како влијае радиотерапијата врз пациентот?

Радиотерапијата претставува локален третман и е неинванзивна метода на лекување. Високата доза на зрачење применета во текот на сесиите со радиотерапија ги уништува клетките или го спречува нивното размножување. Бидејќи клетките на туморот се делат побргу од нормалните, радиотерапијата ги уништува повеќето од овие клетки. Иако и нормалните клетки се под дејство на зрачење, може да заздрават во краток временски период како резултат на нивната помала осетливост и посебни механизми на регенерација, кои не се својствени за канцерозните клетки. Од друга страна, бројот на нормални клетки што го опкружуваат третираниот регион е милион пати поголем од бројот на канцерозни клетки. За да се заштитат нормалните клетки, вкупната доза на зрачење е поделена во помали дози кои се даваат дневно во специфичен временски период. Освен тоа, лекарите вложуваат напор да го заштитат здравото ткиво и да го насочат зрачењето кон заболениот регион.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со моќниот TRILOGY апарат за радиотерапија

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, радиотерапијата се применува со најсовремениот апарат TRILOGY кој овозможува брз и ефикасен третман на туморот. TRILOGY апаратот овозможува високата доза на зрачење да биде целосно насочена кон целниот тумор, со што се заштитени околните здрави ткива и органи. Намалувањето на дозата во здравите ткива и органи е значајно за заштита на нивната функција и одржувањето на квалитетот на живот по завршување на радиотерапискиот третман. 

Хемотерапијата има за цел да ги уништи канцерогените клетки кои растат неконтролирано поради некои промени во своите структури. Во повеќето случаи целта е да се убијат канцерогените клетки лоцирани во `рбетниот столб или `рбетниот мозок со препишување на неколку лекови кои делуваат преку разни механизми. Хемотерапија се применува пред оперативниот и по оперативниот период со цел да се постигнат најдобрите резултати во третманот на пациентите.

Кај примарните и секундарни (метастатски) тумори на `рбетот и `рбетниот мозок хемотерапијата се употребува во зависност од хистолошкиот тип на туморот, возраста и здравствената состојба на пациентот. Доколку станува збор за метастази, од големо значење е видот на туморот и делот на телото од каде што потекнува. Во случај кога постојат метастази на `рбетниот столб, се препишува и бисфосфонатска терапија.

Вертебропластика претставува минимално инванзивна и исклучително ефикасна хируршка метода која се изведува кога имаме патолошка промена или фрактура на прешлен (компресивна остеопоротска фрактура, примарен бенигнен или малигнен тумор, секундарен депозит - метастаза). Целта на оваа интервенција е стабилизација или зајакнување на променетиот прешлен, како и брзо и најчесто комплетно обезболување. Веднаш по интервенцијата пациентите се мобилизираат, со  можност да ја напуштат болницата уште истиот ден. Процедурата е перкутана без хируршки рез.

Кај сите видови хируршки интервенции се користи неврофизиолошки мониторинг со што се овозможува прецизна локализација на нервите, нервните патишта и јадра во `рбетниот мозок. Благодарение на овој софистициран мониторинг, хирурзите имаат прецизна слика на `рбетниот мозок со што шансите за повреда на нервите и останатите структури се сведени на минимум.