fbpx

Проф. Д-р Јордан Савески
Хирург трауматолог
Трауматологија
Аџибадем Систина
Проф. Д-р Јовица Угриновски
Неврохирург
Неврохирургија
Аџибадем Систина
Проф. Д-р Кирил Лозанче
Неврохирург
Неврохирургија
Аџибадем Систина
Д-р Љуљзим Агаи
Неврохирург
Неврохирургија
Аџибадем Систина
Д-р Милчо Демерџиев
Специјалист невролог
Неврологија
Аџибадем Систина
Д-р Неда Трајковска
Хирург трауматолог
Трауматологија
Аџибадем Систина
Д-р Михајло Ивановски
Хирург трауматолог
Ортопедија и трауматологија
Аџибадем Систина
Д-р Маја Каличанин-Марковска
Специјалист по ортопедска хирургија
Ортопедија и трауматологија
Аџибадем Систина
Д-р Душко Михајлоски
Специјалист радиолог
Дијагностичка и интервентна радиологија 
Аџибадем Систина
Д-р Аница Хаџи – Петрушева   Јанкијевиќ
Специјалист по физикална медицина   и рехабилитација
Физикална медицина и   рехабилитација 
Аџибадем Систина
Д-р Татјана Чепреганова - Чанговска
Специјалист по неврологија
Неврохирургија
Аџибадем Систина
Д-р Дева Петрова
Онколог - радиотерапевт
Онкологија
Аџибадем Систина
Д-р Славица Кралева
Онколог – радиотерапевт
Онкологија и радиотерапија
Аџибадем Систина
Д-р Лилјана Муратовска
Специјалист по нуклеарна медицина
Нуклеарна медицина
Аџибадем Систина
 

Зошто се јавува болка во грбот?

Наједноставниот одговор е бидејќи имаме исправен од. Ваквата положба доведува до можност за искривување на природната кривина на `рбетот – конвексно кон напред или конкавно кон назад. Ова резултира со притисок на петте лумбални дискови. Ваквиот притисок ги оштетува дисковите. Оштетените дискови вршат притисок на нервите кои минуваат низ ’рбетниот столб и поради тоа се појавува болката во грбот која најчесто е придружена со болка во нозете. Друга причина за болка е појавата на артритис на зглобовите кои се наоѓаат во задниот дел на `рбетот. Болката во грбот многу често се јавува кај повозрасната популација, односно причина за ваквата болка се дегенеративните процеси кои ги зафаќаат дисковите.

Како добив дискус хернија?

Одговорот може да биде најразличен. Некои пациенти предизвикале дискус хернија при кревање тешки предмети, кај некои, пак, може се јавува и при најмала физичка активност. Здравиот диск не може да се оштети на толку лесен начин, па затоа најчесто тука станува збор за веќе оштетен диск. Главниот симптом кај дискус хернија е болка во грбот која се шири во нозете. Ако болката се интензивира и во колената, сè до стапалата, станува збор за посериозна дискус хернија.

Кога е неопходна операција?

Кога болката во грбот станува хронична и не реагира на конзервативниот третман. Исто така, и во случаи кога квалитетот на животот на пациентот е значително нарушен. Друга индикација за операција се инфекции во `рбетниот мозок или тумор.

Дали треба да носам протеза по хирургија на `рбет ?

Генерално протезата не е потребна по операција на диск или спинална фузија изведена со импланти. Во зависност од вашата состојба, хирургот ќе одреди дали треба да носите. Најчесто носењето протеза е за да имате предвид дека во постоперативниот период треба да избегнувате одредени физички активности.

Дали треба да одам на физикална терапија? Колку долго трае рехабилитацијата?

Потребата од физикална терапија и рехабилитација по изведената хируршка интервенција е индивидуална и зависи од состојбата во која се наоѓа пациентот. Генерално, 4 до 6 недели по каква било операција на `рбет пациентите треба да избегнуваат нагли движења во смисла на истегнување, вртење, наведнување и сл.

Како доаѓа до оштетување на дисковите?

Секој меѓупрешленски диск е составен од цврсто ткиво (прстен) исполнет со мек гел (јадро). Прстенот е составен од лигаменти со кои се поврзани прешлените. Јадрото во најголем дел е составено од вода и има улога на амортизер – го ублажува триењето на прешлените. Кога поради одредени состојби доаѓа до раскинување на прстенот може да дојде до протекување на содржината на мекото јадро. Состојби кои предизвикуваат оштетување на дискот се дегенеративниот процес кој се јавува со годините, повреда/траума или прекумерно напрегање (кревање тешки предмети ...)

Какви испитувања треба да направам за да дознаам од каде доаѓа болката во грбот?

Испитувањата зависат директно од вашата состојба и времето на појава на болките. Најчесто користени дијагностички процедури се: рендген, магнетна резонанца, компјутерска томографија, електромиографија, скен на коски. ПЕТ/ЦТ се користи во случај на сомневање на примарен канцер во `рбетот или присуство на метастази кои потекнуваат од друг орган.

Што се тумори на `рбет?

Туморот на `рбет претставува раст на ткиво во или околу `рбетниот столб. Туморите на мозок може да бидат примарни (потекнуваат од `рбетот) или секундарни (метастатски) од тумор во друг орган. Најчести тумори кои даваат метастази во `рбетот се дојките, бели дробови, бубрези и простата.

                             
Спиналниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ овозможува комплетен хируршки и конзервативен третман на сите состојби, болести и повреди на `рбетот. Нашиот тим доктори е специјализиран во лекување и на најсложените проблеми со `рбетот, од траума, дегенеративни промени до онколошки состојби како тумори и метастази. Ние сме лидери во воведување нови и ефикасни методи за третман. Секој пациент добива комплетен индивидуален план на лекување со мултидисциплинарен пристап. Нашиот тим е составен од специјалисти признати во областа на трауматологија, неврорадиологија, неврохирургија, неврофизиологија, ортопедија, анестезија, онкологија, радиотерапија и физијатрија.

Спиналниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е најдобар во регионот во третманот на вродените, хроничните и акутните нарушувања на ’рбетот. Во однос на решавањето на најкомплексните спинални проблеми, од типот на дискус хернија, сколиоза, дегенеративни заболувања, спинална стеноза, фрактури, тимот доктори ги користи последните медицински техники. Покрај дијагнозата, наша посебна одлика е врвната и најсовремена опрема за третман.

Кога станува збор за хирургијата, Спиналниот центар ја поседува последната технологија за изведување на минимално инванзивна хирургија која дава најефикасни и безбедни резултати. Хируршките интервенции на ’рбетот се изведуваат со дигитализирана апаратура во комплетно опремени сали за хирургија.

Дел од целата замисла за комплетно функционирање на Спиналниот центар е и физикалната терапија. Нашите специјалисти физијатри и физиотерапевти работат „рамо до рамо“ со хирурзите и докторите со цел да му обезбедат интегрирана грижа на пациентот која се заснова на тимска работа. Располагаме со најсовремената опрема за рехабилитација.

Сите овие елементи прават една целина која на пациентите им обезбедува комплетна грижа. Без разлика на состојбата во која се наоѓате или третманот кој ви е потребен, Спиналниот центар ви обезбедува услуга која на крајот сигурно ќе ги покаже најдобрите резултати.