fbpx

Дигитален рендген

Рендгенот е еден од најпознатите дијагностички методи. Со помош на рендген снимките успешно се детектираат скршеници на коски, спинални тумори или деформитет на ’рбетот. Служи како дијагностичка алатка при дегенеративните заболувања на диск, ишијас, сколиози кифози и стенози. Рендгенот не е ефективен за дијагностицирање на заболувања на меките ткива.

За време на снимањето на дигиталниот рендген ниски дози на електромагнетна енергија во вид на бранови минува низ телото оставајќи сенки на рендген снимката. Бидејќи коските се густи, тие ги апсорбираат Х зраците и се манифестираат со бела боја на снимката, додека органите се манифестираат многу потемни.

Клучниот бенефит на рендген снимањето е тоа што се изведува за многу кратко време. 

Времето на изложеност на Х зраците е само дел од секунда, а благодарение на новите современи дигитални рендген апарати дозата на зрачење е минимална. Рендген снимките не се препорачуваат кај бремени жени.