fbpx

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/spinemk/public_html/modules/mod_dropdownarticles/mod_dropdownarticles.php on line 19

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/spinemk/public_html/modules/mod_dropdownarticles/helper.php on line 28

Замена на диск

Замената на диск претставува алтернатива за традиционалната спинална фузија. Со оваа процедура оштетените, повредени или дегенеративни дискови се менуваат со вештачки.Вештачкиот диск е направен од полиетиленско јадро  сместено меѓу  завршетоци, кои, пак, се направени од легура од кобалт и хром. На овој начин, прешлените повторно се враќаат во својата првобитна положба, при што се заштитени од понатамошни притискања на нервите помеѓу нив.  Процедурата овозможува зачувување на флексибилноста на `рбетот.

Цервикален (вратен) дел

Менувањето на дисковите во цервикалниот дел се однесува на пациентите со радикулопатија и миелопатија поврзани со дискус хернија или дегенеративно заболување на вратен диск и претставува замена за хируршката спинална фузија. Технологијата за менување на вратен диск овозможува менување на повредени или оштетени дискови. Оваа процедура се спроведува со цел да се обезбеди подобра подвижност и зајакнување на прешлените на вратот.

Лумбален дел

Хируршката интервенција на менување на дисковите во долниот дел на грбот е понова, но и покомплицирана процедура кај пациентите кои страдаат од дегенеративен диск во овој предел и не можат да заздрават  по конзервативниот третман. Истражувањата покажуваат дека менувањето на оштетените дискови со вештачки ги заштитува нивните соседните делови од дегенерација која се јавува како резултат на преоптовареност. За разлика од спиналната фузија, оваа процедура ја враќа подвижноста на ’рбетот.

Оваа процедура всушност подразбира вметнување на вештачки диск меѓу двата прешлени, на местото на природниот. Ова „делче“ е дизајнирано да функционира како природен диск обезбедувајќи му ја потребната подвижност и цврстина на ’рбетот.  Најчесто пациентите, по хируршката интервенција, за краток временски период им се враќаат на своите  секојдневни активности (2 до 6 недели). Оваа процедура претставува безбеден и ефикасен метод.