fbpx

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/spinemk/public_html/modules/mod_dropdownarticles/mod_dropdownarticles.php on line 19

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/spinemk/public_html/modules/mod_dropdownarticles/helper.php on line 28

Физикална терапија и рехабилитација

Рехабилитација на повреди на `рбетен мозок е сложен процес кој бара работа на искусни тимови составени од повеќе докторски профили, чија цел е истовремено лекување на повредата и нарушените функции на системите предизвикани од таа повреда. Главна цел на рехабилитацијата кај пациенти со повреда на рбетниот мозок е намалување на последиците од невролошкото оштетување и унапредување на функционалната способност, повторно враќање на пациентот во секојдневниот живот со чувство на корисност за себе и околината и одржување на физичкото и менталното здравје, како и превенција на компликации.

Рехабилитациската програма обично трае од 3 до 6 месеци, зависно од нивото и видот на повредата на `рбетниот мозок, како и од присуството на придружни заболувања и компликации. За тој период се настојува сите органски системи кои се засегнати да се доведат што поблиску до нормално функционирање. Истовремено се прават максимални напори да се подобри нивото на здравје, квалитетот на живот и продуктивноста на пациенти со повреда на `рбетен мозок.

Рехабилитацијата на овие пациенти почнува уште во единиците за интензивна нега (рана рехабилитација). Во овој период се води сметка да се спречат компликации кои би ја отежнале понатамошната рехабилитација и би го продолжиле нејзиното времетраење. Особено внимание се посветува на одржување на нормалната функција на  системот за дишење, спречување на настанок на тромби во длабоките вени, одржување на целовитоста на кожата и спречување на вкочанување на зглобовите.

Раната рехабилитација на овие пациенти секогаш ја изведуваат добро обучени физиотерапевти во соработка со медицинските сестри и работните терапевти, а под контрола на физијатарот. Во тек на функционалната рехабилитација се посветува поголемо внимание пациентот да се оспособи за посамостоен и понормален живот, бидејќи најчесто овие пациенти се зависни од семејството.