fbpx

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/spinemk/public_html/modules/mod_dropdownarticles/mod_dropdownarticles.php on line 19

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/spinemk/public_html/modules/mod_dropdownarticles/helper.php on line 28

Деформитети на ‘рбетниот столб

Коскено-мускулниот систем кај децата во развој под влијание на внатрешните и надворешните фактори е подложен на различни деформации. Наследниот фактор и лошото држење на телото, претешките училишни торби, несоодветното и долго седење на училиште и дома, недоволната физичка активност доведуваат до нарушување на статиката на ’рбетниот столб, што резултира со појава на сколиози и кифози. Наглиот раст во периодот на пубертет влијае неповолно на развојот на веќе присутниот деформитет. Кај повозрасната популација, најчеста причина за појава на деформитети на `рбетниот столб е остеопорозата. Деформитетите може да бидат и вродени, може да се појават како резултат на траума или како последица на хируршка интервенција.