fbpx

Ишијас

Ишијасот е болка која  зрачи низ  ишијадичниот нерв (n.ischiadicus), голем нерв чии корени почнуваат во   долниот дел на грбот и продолжуваат кон задните делови на нозете. Иако ишијасот може да биде многу болна состојба, ретко се случува да предизвика трајно оштетување на нервите. Ишијасот најчесто е предизвикан од воспаленија кое се јавуваат како резултат на компресија на еден од нервните корени и обично болката поминува по неколку недели.

Симптоми

- Болка во должина на ногата, сè до крајот на стапалото, која се зголемува при стоење и седење

- Трнење во долниот дел на ногата и стапалото

- Слабост, вкочанетост или потешкотии при движењето на ногата или стапалото

- Постојана болка во задникот и задниот дел на ногата

- Отсечна болка која се јавува при станување

Ишијасот најчесто зафаќа една нога. Болката се шири од долниот дел на грбот, низ задниот дел на бутот па се проширува на долниот дел на ногата. Во зависност од тоа на кое место е зафатен, болката може да се префрли сè до стапалото или прстите

Што го предизвикува ишијасот?

Секоја состојба која предизвикува иритација на ишијадичниот нерв (n.ischiadicus) може да предизвика ишијас. Во многу случаи, ишијасот е предизвикан од притисок на скијатичниот нерв како резултат на дискус хернија. Други причини се лумбални спинални стенози, дегенеративно заболување на дискот, спондилолистеза и при бременост.

Како се дијагностицира?

Во дијагностицирањето на ишијасот, докторот ќе ја испита вашата медицинска историја и ќе направи испитувања на грбот, колковите и нозете со цел да ја провери силата, фелексибилноста, осетливоста и рефлексите. Другите  тестови можат да вклучат рендген, магнетна резонанца, КТ скен, електромиограм.

Третман

Конзервативниот третман има за цел да ја намали болката. Во акутна фаза најважно е да се одморите, а некои лесни движење од типот на стоење и кратки прошетки би можеле да помогнат, сè до оној момент додека не почувствувате болка. Ставање облоги во пределот на `рбетот може да ја ублажи болката. Важен дел во третманот е и физикалната терапија. Кај голем дел од случаите, ваквиот пристап ја подобрува состојбата за неколку недели.

Доколку конзервативниот третман не дава резултати, друга опција за третман е операција.